елевизиска дебата во северна Индија се претворила во хорор, кога еден од гледачите се самозапалил и прегрнал локален политичар, така што на крајот двајцата луѓе се бореле за живот, изјавија денеска за АФП полицијата и сведок.
Гледачот, кого полицијата го именувала како Дургеш Кумар Синг, се здобил со изгореници на 95 отсто од своето тело, кои веројатно ќе бидат фатални, објави полицијата.
Политичарот Камрузама Фауџи, лидер на партијата БСП, се наоѓа во критична состојба поради изгорениците кои зафатиле 75 отсто од неговото тело.
Двајца други политичари, кои учествувале во дебатата, исто така се здобиле со помали изгореници, додека се обидувале да ги спасат двајцата зафатени од пламенот. Мотивот за инцидентот не е познат.
Голем број ТВ станици организираат ноќни дебатни емисии за време на парламентарните избори кои се во тек, а тие често се организираат во селата и градовите со политичари кои одговараат на прашањата пред локалните гласачи.