Во Крупањ ситуацијата останува катастрофална. Најмногу недостасуваат дезинфекциони средства за за чистење, а калта го покрива поголемиот дел од градот.
Иако помошта доаѓа од сите страни, во Крупањ недостасуваат средства за чистење. Ситуацијата е сеуште катастрофална, после поплавите во домовите и на улиците остана по еден метар кал.
Многу куќи се уништени и непогодни за живот, дел од Крупањ каде што поминала водата е урнат до темел.
Помош носат поединци, организации, граѓански здруженија. Денес од Нови Сад треба да стигне камион со средства за дезинфекција, сточна храна и црева за вода.