На Вранишковски му се заканувале со смрт во затворот Идризово


Владиката Јован, поглавар на Православната охридска архиепископија, во затворот во Идризво е изложен на тортура и измачување. Во текот на 2014 година, затворските власти му одобриле само две посети, од неговата сестра и од 76-годишната мајка. Владиката два пати барал од директорот на КПУ „Идризово“ да му дозволи да го посетат членовите на Светиот архиерејски синод на ПОА, свештеници и монаси, но директорот тоа без образложение го одбил.

vraniskovski

Мајка му на 27 ноември го посетила Јован во затворот и утврдила дека тој е со нарушено здравје, без здравствена заштита и речиси целосно изолиран. Секојдневно е малтретиран од затворскиот персонал, а по наредба на Управата на затворот, се врши безмилосен притисок врз него, по ослободувањето од затвор да ја напушти Македонија. Испраќаат затвореници да му се закануваат дека доколку не се согласи да ја напушти земјата, ќе биде физички ликвидиран, се тврди во соопштението на ПОА.

Мајка му вели дека познавајќи го својот син, тој никогаш тоа не би ѝ го кажал тоа, ако навистина нема опасност за неговиот живот. Веќе дванаесет години откако почнаа неговите гонења, таа не слушнала тој да се пожали, туку наспроти тоа ја тешел и ја храбрел не само неа, туку и сите други. Но сега, како да е скршен од секојдневните измачувања.

На архиепископот Јован не му се одобрува ни дводневното домашно отсуство, како на сите други затвореници што ги исполнуваат условите. Од ПОА велат дека тој преку мајка му им достабил писмото, кое замолува да биде испратено до Управата за извршување на санкции, зашто ако тој би го испратил преку затворската Управа, тоа никогаш нема да стигне на посочената адреса. ПОА го објавува тоа писмо на нејзиниот веб сајт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1