Долго време, апартманот на Ајфеловата кула беше недостапен за јавност и за туристи, но денес секој може да ѕирне во неговата внатрешност.
За францускиот конструктор Густав Ајфел се знае дека ја конструирал кулата што го носи неговото име, но помалку е познато дека тој, додека бил жив, имал свој апартман на врвот од градбата што претставува заштитен знак на Париз.
Во апартманот со преубав стилски мебел и концертен клавир, се наоѓаат и реплики на Густав Ајфел и на неговите современици.