Ќе има судење за случајот Пуч. Советот за оценка на обвинителниот акт при кривичниот суд одлучи да го одобри во целост обвинението.
Според соопштението од Основниот суд, Советот утврдил дека кривичните делата кои им се ставаат на товар на обвинетите се дела предвидени со закон, а обвинението содржи докази. Судот сега треба да го распореди предметот кај судија, а дополнително ќе се закаже и термин за главна расправа. Лидерот на опозицијата Зоран Заев е четвртоосомничен во случајот и се товари за насилство спрема претставници од највисоки државни органи. Првоосомничен е екс разузнавачот Зоран Верушевски кој ќе одговара за неовластено прислушкување и тонско снимање, шпионажа и насилство спрема претставници од највисоки државни органи. Обвинети се и неговата сопруга, вработен во струмичката општина и поранешен функционер во МВР.