Над 10.000 мигранти идат кон Македонија за само еден ден


Над 10.000 мигранти се очекува во текот на денот да транзитираат низ Македонија. Грција не запира со организираниот транспорт на бегалци до македонската граница. Само во текот на ноќта биле донесени 6.000 лица, а утрово дополнително три илјади бегалци се пријавиле за регистрација во кампот за бегалци во Гевгелија.bura-od-migranti-630x315

Во процесот се вклучени сите капацитети на МВР за да им се овозможи на лицата да го остварат правото и да заминат кон Север. Разузнавачките податоци на македонските безбедносни служби потврдуваат дека се очекува во текот на денот и утре до јужната граница од Грција да бидат пренесени уште неколку поголеми групи.Во транспортот на мигрантите се вклучени сите капацитети. Покраж возовите на македонски жќелезници, зголемен е бројот на автобуси и такси превозници.

Главниот штаб за управување со кризи пак на денешната седница донесе одлука, железничкиот да биде примарен транспорт на мигрантите, а автобусите и такси возилата да ги пренесуваат само доколку има потреба. Ваквата одлука велат е донесена поради безбедносни и здравствени причини и за мигрантите – бегалци и за локалното население.

Според податоците на МВР од 19 јуни кога започна регистрацијата до денеска издадени се над 122 илјади потврди за изразена намера за барање азил. Таквата можност пак ја реализирале до крај само 50 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1