Над 150 илјади македонки не одат на гинеколог


Околу 150 000 жени во Македонија се уште немаат избрано матичен гинеколог.

450 000 жени кои имаат свој гинеколог на домашна адреса ќе добијат покани да направат бесплатни пап тестови.

ginekМинатата година 48 % од пациентките опфатени со првата група од 24 до 35 години направиле годишен пап тест. Оваа година повикот важи за втората старосна група од 36 до 48 години но и оние кои не ја завршиле обврската од првата група.

Од 55.000 жени кои се прегледале и направиле ПАП тест кај 10 е откриен карцином на грлото на матката, сепак лекарите велат бројот на 150 000 жени кои не го направиле прегледот е голем.

Карциномот на матката предизвикан од ХПВ вирусот е се почесто присутен кај македонските пациенти. Од ХПВ инфекции годишно заболуваат 4-5000 пациенти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1