Власите во САД обелоденија дека еден од лицата кои учествуваа во ликвидирањето на Осама бин Ладен извршил самоубиство.
Станува збор за Командирот Џоб В. Прајс (42) кој почина во саботата. Медиумите почнаа да ја поврзуваат неговата смрт со операцијата Осама бин Ладен и како тоа полека екипажот од шест членови во операцијата почнува да се намалува.
Воените претставници истакнаа дека станува збор за самоубиство, но дека понатамошната истрага ќе ги покаже деталните информации.
Целиот настан е сомничав со фактот што уште две „Фоки“ од екипажот кој учествуваа во ликвидацијата на Бин Ладен доживеаа несреќа.
Властите во САД соопштија дека една од двете „Navy Seal“ за време на една обука со падобрани во јужна Аризона, починала додека втората е хоспитализирана.
Официјалните лица на A.U.S. Специјалната команда за операции во САД, во петокот излегоа со официјално соопштение дека човекот починал во болница во Тусон, Аризона, во четвртокот и дека засега немаат официјални извештаи за состојбата на другото лице.
Имињата на двете „фоки“ не се откриени во јавноста, а во тек е и истрагата за утврдување за тоа како дошло до несреќата.
Портпаролот на командниот центар, Кенет Мекгрев, вели дека обуката била дел од рутинските воени слободни падови.
Како што е познато, фоките кои учествуваа во убиството на Осама бин Ладен, почнаа да „паѓаат како муви“.
Останува непознато дали оваа несреќа е поврзана со ваквиот настан. Како и да е тимот од 6 члена кои учествуваа во акцијата за ликвидација на Осама бин Ладен, полека почнува да се намалува.