Над 30 напади од кучиња скитници во март само во Скопје


Се поголем број кучиња има на скопските улици, особено во попладневните и вечерни часови. Трчаат во глутница, напаѓаат минувачи особено се нафрлаат врз оние кои носат ќесе во рака или пак возат велосипед. Освен во Аеродром, голем број агресивни кучиња има и на Плоштадот Македонија.

– Само во месец март во полиција се пријавени 32 случаји на нападнати граѓани.

Се работи за кучиња со ушни маркички кои веќе поминале третман во стационарот Вардариште, но кај нив повторно се јавува агресија. Од јавното претпријатие велат по пријавата Екипите веднаш излегле на терен но агресивните кучиња се уште не се заловени.

Програмата залови, стерилизирај, пушти очигледно не дава резултати, бидејќи кучињата откако ќе бидат заловени најмногу 15 дена се сместени во Вардариште а потоа од службата повторно ги враќаат на улица. Бранѓолица потсетува дека граѓаните можат да пријават напад од бездомно куче на дежурниот телефон во Комунална Хигиена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1