Цистерна со гас вчеравечер се удрила во други автомобили и се запалила на автопат во Кенија, при што најмалку 33 лица погинале, јавија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Возачот на цистерната ја загубил контролата врз возилото откако со голема брзина се спуштал по удолнина на автопатот од главниот град Најроби кон градот Најваша.
Од експлозијата на цистерната се запалиле 11 автомобили.