Над 43 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19


Вкупно 43.335 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“. Преку матичните лекари пријавени се 13.511 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Веб страницата беше пуштена во функција во средата, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.

Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Надлежните институции утврдија како ќе се одвива процесот на вакцинација. Во првата група се здравствените работници и лицата над 70 години.

Во државава денеска пристигна и првата пратка вакцини против Ковид-19. Станува збор за вакцини на компанијата „Фајзер“ кои се донација од Србија. Првите 4.680 од предвидените 8.000 вакцини на „Фајзер“ денеска на граничниот премин Табановце на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.

Кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1