Над 50 уапсени дилери – Франкфуртската мафија врбува македонци


Над 50 лица се апсени во најновото продолжение на акцијата Диригент. Најголем дел од приведените се уапсени во Германија. Од нив 190 се македонци. Во земјава се приведени 12мина, еден веќе одлежува затворска казна а полицијата трага уште по три лица.

МВР се сомнева дека 6мина од приведените биле директно вклучени во трговија со дрога. 10 лица пак биле задолжени да ги исперат нелегалните пари. И оваа група како и претходните фатени со Диригент, си владеела со своја територија на која обезбедувала главно хероин.

-Се работи за 3 различни групи, одвоени  но поврзани со сопствени канали, изјави Иво Котевски.

Акцијата Диригент започна во 2009та и до денес однесе зад решетки околу 450 дилери на дрога и перачи на пари. Од нив 60тина се македонски државјани од повеќе градови од земјава, главно Велешани но и дилери од Скопје, Штип, Свети Николе, Битола, Струга и Куманово.

Фото – Сител

 uapseni dileri frankfurtska

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1