Земјотресите се главно слаби со Рихтерова магнитуда помеѓу 1 и 2 степени. Со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 беа регистрирани 31 земјотрес, а со магнитуда поголема од 3 беа регистрирани 4 земјотреси.
Повеќе од 800 земјотреси регистрирала телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија во периодот од 18 јуни до денеска во охридското епицентрално подрачје.
Земјотресите се главно слаби со Рихтерова магнитуда помеѓу 1 и 2 степени. Со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 беа регистрирани 31 земјотрес, а со магнитуда поголема од 3 беа регистрирани 4 земјотреси. Најсилниот се случи на 20 јуни во 15 часот и 10 минути. Тој беше со Рихтерова магнитуда 3,6 степени и беше почувствуван во епицентралното подрачје со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Посочуваат дека од утринава регистрирани се 10-тина земјотреси кои се почувствувани во охридското епицентрално подрачје со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.