Здравствената состојба на шестгодишното дете, кое се здоби со скршеница на черепот откако утрово мајка му го фрли од тераса на висококатницата во која живееле во скопски Хиподром, е постабилна, но се уште неизвесна
Мајката и детето се хоспитализирани на КАРИЛ. Шестгодишното момче има фрактура на черепот, а жената скршеници на ребрата. Од брзата помош велат дека нивната реакција била брза..
„Детето е во свесна состојба пренесено во Ургентниот центар мајката исто е пренесена во ургентниот центар и се надеваме дека исходот ќе биде добар“, вели Анита Димоска, Брза помош.
Според неофицијални извори од скопскиот клинички центар, детето е свесно и контактибилно, но мора да минат 72 часа за лекарите да се уверат дека состојбата на детето дефинитивно е подобрена и нема да има никакви компликации.
Мајката има посериозни повреди, сериска фрактура на ребра и ставена е на механичка вентилација, велат болнички извори. Таа се уште се наоѓа на одделот за интензивно лекување како критично болен.
Мајка го фрлила својот 6 -годишен син од четвртиот кат, а потоа таа самата скокнала. 37-годишната жена излегла на тераса држејќи го детето в раце и заканувајќи се дека е сериозна во намерата. Сопругот и соседите се обиделе да ја премислат, но безуспешно. Мајката го фрлила детето. Среќна околност е што падот бил ублажен од жици за сушење алишта, соседите го придржале и и го предале на брзата помош. Драмата продолжила. Додека полицијата и пожарникарите подготвувале заштитен балон, мајката се фрлила и паднала на плочникот.
Спред првата детска амбасада „Меѓаши“ мајката во моментот не била при свест и немала никаков контакт со реалноста.