Надвор од животна опасност тешко повредениот патник од автобусот


Патникот кој беше најтешко повреден и во критична состојба кога автобус полн со македонски државјани излета од патот во близина на Будимпешта е надвор од животна опасност, соопшти македонскиот амбасадор во Унгарија, Дарко Ангелов кој беше и ги посети потешко повредените патници кои се сместени во болница во Татабања.

AVTOBUS3Лекарите во болницата го информирале дека пациентот бил потешко повреден, но дека бил контактибилен и надвор од животна опасност.

Во сообраќајката што се случи ноќеска во близина на Будимпешта кога автобус од агенцијата „Тото“ којшто сообраќал за Прага излетал од патот и паднал во ендек, повредени се вкупно 21 македонски државјани. Министерот за здравство Никола Тодоров, најави дека ќе испратат амбулантни возила и медицински екипи за транспорт на повредените.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1