Нафтен шок по излегувањето на Британија од ЕУ


На Њујоршката берза цената на сировата нафта опадна за околу 5,2 проценти, но аналитичарите сепак велат дека британското „не“ за Европа нема да има директно долгорочно влијание на пазарот на нафта.benzin33

Цените на сировата нафта паднаа за повеќе од 6 проценти, на азиските пазари, по објавата на резултатите за референдумот во Велика Британија, на кој е одлучено дека Велика Британија повеќе не е дел од Европската унија.

На Њујоршката берза цената на сирова нафта падна за околу 5,2 проценти, но аналитичарите сепак велат дека британското „не“ за Европа нема да има долгорочно влијание на пазарите на нафта, односно дека ќе постои моментална нестабилност поради претпазливоста на главните играчи на пазарите.

Пред да опаднат, цените на нафтата синоќа пораснаа, бидејќи се веруваше дека Британија нема така лесно да ја напушти ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1