Сопругот на исчезнатата Валери нуди награда од 5.000 евра за оној кој има информации за неа.
Како што пренесува Курир, очајниот сопруг вели дека мора да се врати во Франција за да продолжи со заостанатите обврски, но и со средување на документацијата за исчезнувањето на неговата сопруга, па затоа моли ако некој има информации да му се обрати, по што ќе му следува и награда. Сопругот додава дека тешко го однесува тоа што не е до саканата.
За жал, сеуште нема ни трага ни глас од Валери иако МВР ги презема сите мерки и ја проверува секоја добиена информација за неа.