Најава од УХМР за невреме викендов – засилен ветер, пороен дожд


Засилен ветер, кој повремено ќе надминува 80 километри на час и ќе услови транспорт на песок и прашина од северните делови на Африка најавуваат метеоролозите за утре.

Дневните температури ќе бидат значително повисоки, на повеќе места ќе достигнат над 20 степени. Кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни.

Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1