Министерството за правда се откажа од намерата да го менува законот за референдум.. Иницијативата за промена на законот првин ја објави на единствениот електронски регистар на прописи ЕНЕР, па за кратко го повлече предлогот.. Во телефонски разговор за Сител, Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, изјави дека постапката била сопрена по бурните реакции на јавноста.. Дополнително објасни дека најавените измени не предвидувале драстични промени туку само технички измени за усогласување на дел од членовите на постојниот закон со Изборниот законик и законот за судовите.. Во писменото известување од правда испратено како објаснување се наведува дека со измените ќе се надминат одредени застарени решенија..
„Со предложените измени во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши уредување на прашања кои се од значење за практичното спроведување на законот и техничко доуредување на текстот на истиот“ се вели во известувањето од Министерството за правда.
Според соопштението, измените на законот за референдум требаше да ги опфатат првите шест членови од законот.. На прашањето до Заменик министерот Ристовски, дали предложената иницијатива ќе значи и намалување на прагот на излезност на граѓаните за успешност на референдумот, тој вели дека не ги разгледал законските решенија и потенцираше дека најавените измени се исклучиво технички..
Инаку според објавениот повик за примиње забелешки на понудените измени, донесувањето на Законот за референдум беше предвидено да се донесе по скратена постапка без јавна расправа..