Најавено апсење на уште десетина шпиони


Безбедноснo-информативната агенција на Србија (БИА) во следните денови би требало да приведе уште десетина лица кои ги испитува поради сомневање дека шпионирале за Хрватска, пишуваат српските медиуми.cedo-colovic

Информацијата нема службена потврда. Медиумите во Србија пишуваат за апсењето на Чедо Чоловиќ, пензиониран офицер на ЈНА, кој се товари за шпионажа во корист на хрватската држава за што се предвидува казна затвор од најмалку десет години. Под истрага се и некои претставници на медиумите кои наводно биле блиски со хрватските власти и се сомничат дека пренесувале одредени информации.

Чоловиќ од притвор бил донесен на сослушување во белградското Вишо обвинителство. Тој во Палата на правдата бил донесен во тајност, со полициско возило и како што дознаваат медиумите во Белград било предложено да му се одреди мерка притвор поради опасност дека може да побегне или да влијае на сведоците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1