Повици за протести повторно се шират низ социјалните мрежи, објавува порталот Almakos.com. Како што се наведува, протестите се закажани за 14 часот денеска во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар иво Струга. Организаторите сè уште не се познати.
Покрај најавата за протести во овие градови порталот објавува дека и во Кичево за утре се подготвуваат протести.
Повикот веќе се шири на социјалната мрежа фејсбук.