Најбогатиот човек во светот ја остава сопругата поради водителка


Извршниот директор и основач на, во моментот највредната компанија на светот „Амазон“, Џеф Безос се разведува од својата сопруга.

Тој со месеци се гледал тајно со поранешната телевизиска водителка Лорен Санчез и откако целата афера излезе на виделина, милијардерот објави дека се разведува по 25 години брак од сопругата, наградуваната писателка Мекензи Безос.

Според пишувањето на американските медиуми, Џеф и Лорен, која е мажена за холивудскиот могул Патрик Вајтсел, почнале да се гледаат минатата есен.

„Инквајер“ известува дека љубовниците заедно патувале на егзотични дестинации со неговиот 65 милиони долари вреден авион, како и дека Џеф бил тој кој ѝ праќал непристојни пораки и еротски фотографии.

Но, извор близок на милијардерот изјавил за „Дејли мејл“ дека тој и сопругата вложиле големи напори за да го сочуваат својот брак, пред да одлучат да се разведат, и дека врската со Лорен почнала дури по одлуката за разводот.

Сепак, „Инкваер“ тврди дека ги следел Мекензи, Лорен и Џеф последните четири месеци и дека тоа бил нивен најголем истражувачки потфат во историјата на магазинот, вклучувајќи го фотографирањето на „вљубените птички“. Според нивните тврдења аферата траела дури осум месеце зад грбот на Мекензи Безос.
Лорен и Џеф се запознале пред неколку години во текот на едно снимање, а потоа биле забележани во исто друштво неколкупати, бидејќи нивните семејства се познаваат со години, што не е чудно имајќи предвид дека живеат во Сиетл.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1