Александар Солоник е веројатно најпознатиот руски платен убиец од крајот на минатиот век. Неговите злодела се опишани во 2 играни филма, 9 серии, 3 книги и во многу документарци.
Го викале и Александар Македонски, а прекарот го добил поради „пукање на македонски начин“ (израз кој влегол во рускиот јазик уште кон крајот на 19. век, а значи истовремено пукање од два пиштоли или револвери).
Овој Александар е роден 1960 година и поминал воена обука во тенковската единица на советската војска од крајот на 7-0-тите. Во раните 80-ти се вработил во полицијата, но по шест месеци е отпуштен поради сурово однесување со уапсените. Се вратил во родниот Курган и се вработил како гробар.
На пописот на жртви на Саша се најпознатите руски мафијаши од 90-тите години. Некои извори велат дека тој никогаш детално не планирал убиството и се раководел по интуиција. Некои ситуации докажуваат дека навистина и така било, пишува Russia Beyond.
По повеќе ладнокрвни убиства, неколку апсења ( три пати бегал од притвор, еднаш скокнал низ прозорец од судницата и седнал во погребално возило кое го чекало пред влезот во судот), побегнал во Атина.
https://youtu.be/h64DLKLoPXA
Изнајмил куќа во која живеел со својата девојка, 22-годишната манекенка Светлана Котова.
Македонски ги прекинал сите врски со своите работодавачи и нивните односи се влошиле до таа мера што користел нивни фотографии како мети и вежбал пукање.
Водачите на руската мафија одлучила да не чекаат да ги нападне Македонски и испратиле по неговата глава друг најпознат убиец – Саша Солдат. Тие двајца добро се познавале и Македонски со задоволство дошол со девојката во куќата каде престојувал Солдат со уште двајца „пријатели“.
Наскоро грчката полиција го пронашла телото на Александар Солоник Македонски и Котова закопани на различни места.