Најден 1.500 години стар текст во кои пишува дека Исус бил женет и имал деца


Текстот е наречен „Изгубеното евангелие“ и е преведен од јазик што се поврзува со арамејскиот, а на него со години работеле професорот Бери Вилсон и писателот Симча Јакобовици. Во него се тврди дека Марија Магдалена всушност била „оригиналната Девица Марија“, но дека таа му била жена, а не мајка.isus1

Голем број верски експерти ја намалиле историската вредност на оваа библиска личност, но според преведувачите на текстот, таа имала многу големо значење отколку што официјално ѝ се припишува, односно била покрај Исус во сите моменти што досега се поврзувале со Девицата Марија, односно Богородица.

Нормално, ова не е првпат да се откриваат „нови евангелија“ во кои се тврди дека Исус бил во романтичен однос со Марија Магдалена, а за тоа пишуваа и Никос Казанцакис во „Последното Христово искушение“ и Ден Браун во „Кодот на Да Винчи“.

За овој текст се тврди дека датира од 570 година и дека е напишан на животинска кожа. Во архивите на Британската библиотека се наоѓал во последните 20 години, а таму бил префрлен од Британскиот музеј кој во 1847 година го купил од трговец со артефакти кој тврдел дека го добил од манастирот Света Камарија во Египет.

Последните 160 години документот го проучувале верски експерти кои во него не нашле „ништо интересно“, што очигледно се сменило кога стигнал до рацете на Вилсон. По шест години проучување тој и Јакобовици дошле до наведените „откритија“.

Другите откритија од текстот, вклучувајќи ги и имињата на децата на Исус, ќе се дознаат на 12 ноември, кога е закажана службената промоција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1