Данската полиција пронашла шест од 11-те момчиња од јуниорската ракометна репрезентација на Индија, кои исчезнаа во саботата. За време на финалето на меѓународниот турнир во Дронинглунд, тинејџерите на возраст од 13 до 19 години со воз допатувале во Копенхаген.
Во неделата полицијата успеала да ги најде во неделата, во локален храм, но се разбегале и останале само четворица.
Денеска се најдени уште двајца, на железничата станица во Копенхаген, а за по останатите сѐ уште трае потрагата. Оние што се најдени велат дека избегале од страв. Се плашеле дека ќе бидат физички казнети поради лошите резултати на турнирот.