Готвачот Бенои Виолер, чиј ресторан во Швајцарија е прогласен за најдобар на светот во декември, се самоубил поради измама со вина тешка милион фунти, објави британски Гардијан.
Загубaта која Виолер ја претрпел наводно изнесува 1,4 милиони фунти (1,8 милиони евра). Повикувајќи се на неименуван извор, швајцарското списание Билан пишува дека 44-готвач бил жртва на измама на една компанија која продавала ретки вина, но никогаш не ги испорачувала.
Славниот готвач неодамна беше пронајден мртов во својата куќа. Швајцарската полиција тогаш соопшти дека Виолер најверојатно извршил самоубиство.