Некои пластичните операции ги користат за да променат некој дел од своето тело, други малку повеќе претераа, па целосно станаа непрепознатливи.
1. Џесика Рабит број 2
Пени Браун (25) уште од детството била опседната со Џесика Рабит и од желба да личи на омилениот анимиран лик направила неколку пластични операции и денес навистина потсетува на ликот од цртаниот филм.
2. Малку поинаква Ким Кардашијан
Клер Лисон потрошила околу $30.000 долари на пластични операции. Станала многу слична на Ким Кардашијан и изјавува дека како двојничка на старлетата се чувствува многу самоуверено и среќно.
3. Уште една Ким Кардашијан
Татјана Вилијамс посакала да има задник како Ким Кардашијан, а испраќа порака дека треба и другите да ја следат. Сигурна е дека ваквата трансформација ќе ѝ донесе успех. На операциите потрошила околу $100.000 долари.
4. Необични близначки
Сара и Ема Копонен од Шведска се близначки, а својата природна сличност ја зголемиле со пластични операции поради кои денес многу тешко се разликуваат. Овие девојки ги прават истите операции и на ист начин тренираат. Имаат по 25 години и успеале да се претворат во еден од најекстремните примери за неумереност во вештачкото разубавување. Досега на пластични операции потрошиле околу $15.000 долари.
5. Жива карикатаура
Кристина Бити (30) од Велика Британија во последните 13 години имала низа пластични операции со цел да се претвори во карикатура. Кога првпат видела нацртана карикатура на жена била љубоморна што не изгледа така. На овие операции Кристина потрошила околу 15.000 долари.
6. Жива секси кукла
Викторија Вајлд имала желба да биде жива кукла, а за 40.000 долари и со помош на операции успеала тоа да си го оствари. На оние кои се шокираат од нејзиниот изглед таа им порачува: Кој не би посакал да изгледа како секси кукла? Тоа е толку привлечно.
7. Жив Кен
Манекенот Келсо Сантебанес е жива реплика на машката барбика Кен. До овој изглед дошол со операциите кои го чинеле $50.000 долари.
8. Уште една жива барбика
Алина Ковалевскаја е уште една жива барбика која исто така не ја открива сумата која ја потрошила за да изгледа така, но сепак го привлекува вниманието.
CrnoBelo.com