Најевтин одмор е во Сончев брег, а најскап во Ница


Најповолни одморалишта во Европа оваа година според висината на дневните трошоци за основните производи се Коста дел Сол и Бугарија, додека најскапи се Италија и Франција, пишува во текстот на лондонскиот Дејли мејл

Во текстот се предупредуваат туристите дека најосновните потреби, како крема за сончање и средства за заштита од инсекти, во некои одморалишта се поскапи повеќе од 80 отсто во однос на домашните цени.

leto more plazaЗа оние туристи кои се хранат во ресторани се даваат информации рестораните во кои цените се намалени за 46 отсто, како што е случај во  Соренто во  Италија и Пореч во Хрватска.

Пораст на цените на ресторанските услуги има во Мајорка, која е најскапа во Европа, покажало истражувањето на британската агенција Пост Офис Травел, која ги следела цените на вообичаените производи потребни за туристите во 13 најпопуларни одморалишта. Во овие производи влегуваат цените на еден оброк за семејство со предјадење и десерт, потребите за на плажа и сокови и алкохолни пијалоци.

Најповолен одмор може да се помине во Сончев брег во Бугарија, каде трошоците изнесуваат 84 евра.

Соренто, и покрај падот на цените, е најскапо одморалиште, со 180 евра дневен трошок. Поскапа од ова одморалиште се Ница во Франција со 187 евра.

Кофичка со лопатчиња за играње во песок на Крит чинат две евра, а во Ница за нив ќе платите 10 евра. Порција пржени компирчиња во Сончев брег се продава за 80 центи, а во Ница за четири евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1