Најголемиот метеор до сега експлодирал на небото над Англија (Видео)


На небото околу 3 часа по локално време на кратко се појавила голема огнена топка која успеале да ја снимат камерите на опсерваторијата во областа Девон.

met2Над југозападниот дел на Англија во понеделникот рано наутро во атмосферата влетал огромен метеор, до сега најголемиот забележан било каде во Велика Британија.

На небото околу 3 часот по локално време на кратко се појавила огромна огнена топка која успеале да ја снимат камерите на оперваторијата во областа Девон.

“Имаме две камери кои ги следат метеорите преку ноќта така што, штом слушнав дека поминал огромен метеор веднаш отидов да погледнам дали го снимиле. За среќа метеорот поминал пред објективот на нашите две камери така да сега имаме две снимки од истот настан”, изјавил Дејв Џонс од Мрежата на набљудувачи на метеори во Велика Британија.

Сведоците велат дека се слушнале силна екплозија, а и дека им се причинило дека метеорот блескал во зеленкаста боја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1