Секојдневно од сите страни, голем број на теоретичари не бомбардираат со теории за завери. Иако некои се нереални, некои преувеличени, не значи дека истите не се случуваат околу нас. Токму спротивното, историјата е преполна со завери и скандали.
Аферата околу искористувањето на нафтата
Со доаѓањето на Варен Хардинг во Белата Куќа се случи скандал со продажбата на нафтените резерви. Имено, тој во својата администрација поставил пријатели со кои играл голф и покер. Иако самиот тој се покажал како чесен човек, сепак неговите подредени биле тие кои биле склони на корупција.
Неговиот министер за внатрешни работи Алберт Фал, потајно дозволил нафтените компаниии да експлоатираат нафта во Вуоминг и Калифорнија, во замена за неколку стотина илјади долари мито.
Откако „Wall Street Journal“ во 1922 година објавил дека нафтата е продадена без тендер, организирал сенаторски комитет под водство на сенаторот од Висконсин, Роберт Ла Фолет.
Државниот обвинител побарал од ФБИ да истражи нешто околу Ла Фолет за да можат да го уценуваат.
Сепак со тоа само ја зацврстиле неговата упорност, за да откријат се. На крајот Алберт Фал стнал првиот човек на американскиот кабинет, кој поради корупција завршил во затвор.
Експериментот за сифилис – Тускеге
Еден од скандалите кој е познат како најголемото кршење на медицинската етика е студијата Тускеге за сифилис која ја извела здраствената американска јавна служба во соработка со институтот Тускеге од 1932 година до 1972.
Во студијата учествувале околу 600 луѓе, вклучително и 399 кои имале сифилис.
Истражувачите не им рекле дека имаат сифилис и дека истражувањето има за цел да документира како болеста го уништува човечкото тело. Дури ниту во 1947 година не им откриле дека пеницилинот има некакви резултати во битката против сифилисот. Меѓу 28 до 100 испитаници умреле од сифилис, иако се претпоставува дека ваквата бројка е значително поголема.
Средината на 60-те години од минатиот век, Пит Буктон, социјален работник дошол до извештајот за студијата, и ги предал доказите на негов пријател во „Associated Press“. Крајот резултирал со згаснување на студијата во 1972 година.
Владата од следното лето се нагодила на суд со семејствата на жртвите да доживотно им овозможи бесплатно лекување.
Тутунската индустрија ги негира здраствените последици од пушењето
Во 1950 година доктор и епидемиолог Ернст Виндер, објави во студија во списанието „Journal of American Medical Association“ дека пушењето е една од причините за предизвикување на рак на белите дробови. Веднаш потоа шест големи тутунски произведувачи одлучиле да го финансираат неговото истражување.
Во 1954 година Тутунскиот институт за истражување објавил во оглас во 400 весници, во кои го довеле во прашање истражувањето на еминентниот доктор и научник.
Научниците и тутунската индустрија веќе подолг перод знаеле дека пушењето е поврзано со ракот. Хемичарот Клауд Теагуе, заклучил дека истражувањата на клиничките податоци имаат тенденција да ја потврдат врската меѓу пушењето и ракот на белите дробови.
46 држави во САД се придружиле против тутунската индустрија. Од 1998 година таа прифатила да плати 10 милијарди долари годишно за штетата која ја направила.
Завера против Кастро
Убиството на претседателот Џон Кенеди во 1963 година е поврзано со атентатот на кубанскиот претседател Фидел Кастро. Имено Варен комисијата, која ја оформил наследниокот на Кенеди, Линдон Џонсон, заклучила дека Ли Освалд сам на своја рака го убил Кенеди.
Потоа, два дена подоцна на него од заседа пукал Џек Руби. Скептиците го нападнале извештајот на Варен и биле во право.
1967 година колумнистите Дру Пирсон и Џек Андерсон изнеле теорија дека атентатот на Кенеди не бил дело на поединец, туку одмазда за обид за атентат на Фидел Кастро од страна на ЦИА, која ја заташкала својата активност на Куба.
Освалд и неговиот убиец Џек Руби биле поврзани со Куба. Освалд во еден момент контактирал и со кубанската амбасада.
1979 година е заклучено дека Кенеди веројатно е убиен како резултат на заверите, иако не можело точно да се утврди кој се бил уклучен во истата.
Аферата Ватергејт
Еден од најпознатите скандали е оној во кој е вплеткан и тогашниот претседател на САД Ричард Никсон. 1972 година полицијата фатила петмина провалници во хотелот Ватергејт, во комплексот во Вашингтон, каде што се обиделе да постават озвучување во уредите на демократот.
Многу брзо станало јасно дека во таа шпионажа бил вмешан и претседателот Никсон.
Истражителите на ФБИ утврдиле дека обидот за политичко шпиунирање и саботажа стигнало од претседателот Никсон. Истражната комисија на Конгресот побарала тонски записи од разговорите со Белата Куќа. Иако Никсон ги одбил, бил присилен да ги предаде. Утврдено е дека од тонските зписи фалат 18 минути, што само дополнително го зголемил сомнежот во него.
Форд Пинто модел
Овој модел започнал да се произведува во 1971 година. Иако добро се продавал, произведувачот продолжил да го продава, иако знаел за неговите недостатоци.
Проблемот бил во резервоарот за гориво, кој и при најмал судар, би можел да предизвика запалување на возилото. Иако поправката чинела само 11 долари, Форд продолжил со производството.Подоцна било откриено дека на Форд поисплатливо му било да ја плати оштетата отколку да се впушти во менување на резервоарот.
Но, по пресудата на поротата во Калифорнија, во која се одредува на еден повреден човек при запалувањето на автомобилот да му се доделат 125,000,000 долари, кои подоцна биле намалени на 3,000,000, Форд престанал со производството на Пинто моделот.
Катастрофата во Чернобил
Рутинскиот тест во нуклеарната електрана во Чернобил во 1986 година доведе до катастрофални размери. Комбинацијата на несигурен дизајн на советскиот нуклеарен реактор и човечката грешка, предизвика експлозија во која беше уништен еден од четирите реактори.
По малата експлозија на реакторот биле испуштени огромни количини на радиоактивна прашина.
Двајца работници умреле веднаш по експлозијата. Повеќе од 28 луѓе, вклучувајќи и шест противпожарникари кои се бореле да го угаснат пожарот, умреле подоцна од радијацијата. Ветерот ја пренел радијацијата на дел од територијата на СССР, а подоцна и на европска почва.
СССР два дена молчеа за големата нуклеарна катастрофа, додека Швеѓаните не откриле голема количина на радијација во воздухот. Тогашниот лидер Михаил Горбачов чекал дури три недели пред јавно да проговори за несреќата.
Свештеник педофил
1973 година римокатолички свештеник од Масачусетс Џејмс Р. Портер испратил вознемирувачка порака до Папата Павле VI, во која признал дека со години злоставувал деца. Барал од него да го смени, како повеќе не би ги повторувал овие злочини.
1992 година Бостон Глоб открил дека Портер имал помош при прикривањето на своите злочини што ги извршувал на над стотина момчиња и девојчиња. За време на својата 14 годишна кариера е симнат од должноста, осум пати бил испратен на лечење од педофилија.
Да додадеме дека веќе со децении, католичката црква во сите делови на светот била учесник во затскривање на злочините на своите свештеници. Работите почнале да се менуваат кога жртвите на свештениците конечно почнале да излегуваат во јавност во 1980 години.
Студијата која е нарачана од страна на црковните лица во САД е откриена во периодот од 1950 до 2002 година. 4392 свештеници биле обвинети за сексуално злоставување. Некои како Портер се осудени и испратени во затвор.
Хакирање на телефоните на јавните личности
Големиот скандал изби во Велика Британија кога се откри дека некои поедини новинари ги хакирале мобилните телефони на познати лица. Скандалот е откриен во 2005 година кога Килв Гудман уредник на „News of the world“ напишал книга за превредата на коленото на принцот Вилијам
Кралското семејство брзо се посомневало дека некој провалил во телефонот на принцот и ја дознал информацијата. Скотланд Јард ги отрила Гудман и Глен Мулцаиреа, приватни истражители кои биле најмени од таблоидот.
„Guardian“ објавил дека компанијата „News Group International“ во чиј состав е „News of the World“ платила 1,000,000 британски фунти за мирно решавање на тужбата во која би можело да се открие дека се користело метод на хакирање на телефоните на јавните личности, за да се дојде до нивните лични податоци.
Во 2011 година „Guardian“ ја известил полицијата дека открила дека телефоните на 5800 лица, вклучително и славни личности како што е глумецот Хугх Грант биле хакирани од страна на Мулцаиреа.