Една намирница која ја има во речиси секој наш оброк, кај повеќето луѓе негативно влијае на кожата, зглобовите и шеќерот во крвта. Во прашање е пченицата! Пченицата која секојдневно ја конзумираме далеку е од вистинската пченица. Кога на некој од 18 век би им дале од денешниот пченичен леб, тој едвај би го препознал, пишува „Dailyhealthpost“.
Јаглените хидрати во пченицата обично се сметаат за здрави поради својата сложеност. Сепак, тие се разбиваат во шеќери, кои доведуваат до зголемено ниво на инсулин и активирање на жлездите, па резултат на тоа се масна кожа и акни.
Како пченицата влијае на зглобовите
Милиони Американци најверојатно имаат алергија на пченицата, а за тоа и да не се свесни. Честите болки во зглобовите се појавуваат како последица на алергија која не е дијагностицирана. Според докторот Вилијам Дејвис, болките во зглобовите предизвикани од конзумирање пченица, најчесто се јавуваат во зглобовите на прстите.
Пченицата и шеќерот во крвта
Пченицата може лесно да делува на шеќерот во крвта. Како што веќе е споменето, пченицата која е полна со јаглени хидрати на крајот се претвара во шеќер. Што е уште полошто, пченицата е преполна со амилопектин, јаглени хидрати кои можат да го зголемат нивото на шеќерот во крвта повеќе отколку обичниот шеќер и можат да доведат до бројни други здравствени проблеми како што е дијабетисот.