Најлуксузниот затвор на светот – Плажи, плазма ТВ, стилски намештај (Видео/Фото)


Еден од затворениците, Питер, кој служи 14 годишна казна поради шверц на дрога, пред да биде префрлен во Бастој, осум години бил во затвор со висока безбедност.

article-2284261-184731ab000005dc-460634x628-Овде ни укажуваат доверба и одговорност. Се однесуваат со нас како кон возрасни луѓе. Овде е како да живеете на село во комуна. Секој мора да работи. Но имаме и слободно време, така што можеме да рибариме, или да одиме на плажа. Свесни сме дека сме затвореници, но овде се чувствуваме како луѓе-вели тој.

На островот со површина од 2,6 квадратни километри, преку ден работат 70 затвореници, од кои 35 се чувари во униформи. Нивната главна работа е да ги пребројуваат затворениците.

Во затворските бунгалови престојуваат во шест затвореници. Секој има своја соба, а останатите простории, кујни и слично им се заеднички. Идејата е да се навикнат на животот кој ги очекува кога ќе излезат од затворот.

Само главниот оброк се служи во сала за ручање. Осудениците заработуваат по шест евра дневно, а месечно добиваат околу 70 евра за храна, односно за појадок и вечера, која ја набавуваат во добро снабден супермаркет на островот. Големиот дел од намирниците кои ги користат, сами ги произведуваат.

Во затворот има три златни правила:нема насилство, нема алкохол и нема дрога.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1