Најмалото повредено дете е 6 год, најстарото 14 – 3 деца се во кома – еве ја здравствената состојба на повредените


Од Ургентниот центар информираат дека кај сите 11 примени лица доминираат повреди на главата и на мозокот.

Александар Чапаровски, шеф на одделот за неврохирургија на Ургентниот центар нагласи дека три од овие деца се во многу тешка состојба, две од нив се во коматозна состојба со повреди на мозокот, главата и градниот кош.

sobt2Две деца коишто се наоѓаат на детска хирургија се во добра здравствена состојба и најверојатно денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Едно девојче било пренесено на одделот за пластична хирургија, на кое му е направена оперативна интервенција поради санирање повреди на лицето. Интервенцијата траела до 5 часот утрово и потоа повторно е однесено на КАРИЛ.

Од специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ информираат дека едно девојче на 13-годишна возраст е примено со тешки повреди на црниот дроб и контузија на белите дробови и дека се наоѓа на интензивна нега.

Директорката на оваа институција посочи дека се работи за сериозна повреда, но сепак здравствената состојба е стабилна.

Како што соопштија, најмалото повредено лице е родено во 2006 година, а најстарото во 1998 година.

Две деца коишто се наоѓаат на детска хирургија се во добра здравствена состојба и најверојатно денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Оттаму информираат дека во текот на вчерашниот ден се извршени вкупно 129 прегледи, од кои 53 лица се настрадани во сообраќајни несреќи, а 28 лица се примени во Ургентниот центар.

Курир

ОЧЕВИДЕЦ: ТРАКТОРОТ ЛЕТАШЕ, НЕ МОЖЕШЕ ДА СОПРЕ – ВОЗАЧОТ ШТЕДЕЛ БЕНЗИН ВОЗЕЛ ВО ЛЕР
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1