Интензивни врнежи од снег од утрово има на планините во северозападните делови на Македонија, но и во Полог. Најголема снежна покривка има кај преминот Стража на патот кон Кичево. Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и крак Маврово-Дебар поради врнежи од снег
Во другите делови е облачно со слаби врнежи од дожд. Во штипско и битолско дува засилен ветер од југоисточен правец кој на моменти достигнува брзина до 60 кикометри на час.
Најмногу дожд 16 литри ќе наврнат во Пожаране, 13 Охрид, 11 Тетово, 9 Маврово, 8 Дебар, 7 Крушево, 6 Скопје, Куманово и Лазарополе, 5 Претор и Ѓуриште, 4 Битола, Виница и Тополчани, 3 Прилеп и Берово, 2 Демир Капија, Штип, Гевгелија и Кавадарци и 1 Струмица и Пожар.
Утрово негативни температури се измерени во Маврово -2 и Крушево -1. На останатите места измерени се температури над 0. Во Тетово, Крива Паланка и Лазарополе 0, во Берово 2, во Прилеп, Претор, Дебар три степени, во Скопје, Охрид, Битола, Кавадарци, Виница и Куманово четири, во Струмица и Дојран 5 и во Штип, Демир Капија и Гевгелија се измерени шест степени целзиусови.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и ноќта кон петок и локално се очекува да наврнат над 25л/м2, на повисоките и на некои пониски места врнежите од дожд ќе поминат во снег, особено во северните и западните делови од земја. На планините се очекува зголемување на снежната покривка за повеќе од 20 см.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје во текот на ноќта можно е дождот да помине во снег. Дневната температура ќе достигне околу 7 степени.
И утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег, на југоисток ќе бидат главно од дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Пообилни врнежи повторно ќе има попладне и ноќта кон сабота и локално се очекува да наврнат нови 30л/м2, особено на југ и југоисток. Во западните и северните делови се очекува формирање на снежна покривка и на некои пониски места, додека на планините ќе продолжи значително да се зголемува (нови 20см и повеќе). Врнежите од снег ќе продолжат до недела претпладне. Од понеделник следува стабилизација на времето.