Битолски регион
Според информациите од РЦУК Битола Река Црна го скинала насипот и кај село Радобор, водата се излева и поплавува земјоделските површини во атарите на селата Радобор, Вашарејца и Новаци. Водата прелива и преку регионалниот пат Могила – Радобор,поради што е отежнато движењето по овој патен правец.
На подрачјето на општина Битола од обилните врнежи од дожд и снег поплавени се селата: Долно Оризари, Карамани, Логоварди, Кравари, Оптичари, Црнобуки, Лажец иКременица. Поплавите се настанати како последица на нефункционалност на каналската мрежа за одводнување. ЕЛС Битола има ангажирано градежни машини за санирање во селата Змирнево, Логоварди и Црнобуки.
Во атарот на село Карамани на виливот на река Драгор во река Црна дојде до оштетување на насипот на река Драгор и водата ги поплавува околните земјоделски површини. Испратена е екипа на увид и процена за превземање на мерки.
На подрачјето на ЕЛС Могила поплавени се селата Вашарејца, Ношпал, Беранци, Чарлија, Дедебалци, Добрушево, Лознани и атари на останатите села.
Оштетен е насипот на Река Црна во атарот на село Лознани на околу 300 метри над мостот на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп. Водата течи кон селата Лознани и Вашарејца. Восело Вашарејца поплавени се околу неколку куќи и помошни објекти. Луѓето се евакуирани во другите куќи во селото и во црквата. Во овој момент нема можност за интервенција со која би се санирал насипот.
На подрачјето на ЕЛС Новаци поплавени се атарите на селата: Далбеговци, Долно и Горно Агларци, Добромири, Новаци, Рибарци, Гнеотино и Брод по течението на река Црна и одводната каналска мрежа.
Во општина Прилеп, н.м. Клепач–водата повлечена; н.м. Кадино село – водата повлечена; н.м. Чепигово – На барање на претсдателот на МЗ, се доставени вреќи за поткревање на коритото на каналот Блато.
н.м. Галичани– водата повлечена
Поставена е градежна машина на потегот Ерековци – Клепач која ќе работи за потребите на овие населени места.
Река Црна е излеана кај Чепигово и Тројкрсти. Во овј момент не се полавени истите села.
Во општина Долнени, во дел на опшината нема електрична енергија.
Во општина Кривогаштани, непрооден е патниот правец Тополчани-Клепач за патнички моторни возила.
Патниот правец: Врбјани-Кривогаштани и Врбјани – Прилеп е комплетно затворен за сообраќај заради поплавеност на истиот
ЦЈЗ изврши дезинфекција во ОУ Манчо Матак во Кривогаштани и во ОУ Јонче Смугрески, каде ќе бидат сместени ЕВЕНТУАЛНО евакуиорани лица од Боротино и Врбјани
Во опшината нема електрична енергија
Од ЕВН – Прилеп ја пренесува информацијата за Долнени и Кривогаштани во која се наведува следно:
– 10 КВ ДВ извод Долнени – пуштено напон до село Долнени – без напон остануваат селата Сарандиново, Ропотово, Пешталево, Костинци, Рилево, Црнилиште, Гостиражни, Зрзе, Стровија, Долгаец – моментално теренот е непристапен бидејки е поплавен делот од Долнени до Пешталево
– 10 КВ ДВ извод Сенокос – има скршен столб на далеководот и моментално се работи на негова санација
– 10 КВ ДВ извод Новоселани – скинати проводници – се работи на одклонување на дефектот (опфатени селата Новоселани, Заполжани, Вранче, Бело Поле, Кутлешево, Лажани)
– 10 кв ДВ извод Дебреште – Житоше – Скинати проводници – се работи на одклонување на дефектот (Житоше, Саждево, Јакреново, Борино, Белушино)
– 10 кВ ДВ извод Кореница – скинати проводници – се работи на одклонување на дефектот (Кореница, Годивје, Подвис, Локвени)
-10 кВ ДВ извод Врбоец – скинати проводници – се работи на одклонување на дефектот (Врбоец, Милошево, Пресил, Свето Митрани, Воѓани, Бучин, Алданци, Норово)
-10 кВ ДВ извод Обршани – скинати проводници – се работи на одклонување на дефектот (Обршани, Пашино Рувци, Крушеани, Бела Црква, Боротино.
Во општина Крушево Регионалниот патен правец Крушево-Прилеп е во прекин кајс.Врбјани (прилепско) заради скинат канал и водата е излеана на коловозот. На овој прекин се движат само поголеми и повисоки возила. Екипи од ЕЛС Прилеп интервенираат на овој прекин.
Рег.патен правец од с.Кривогаштани кон с.Житоше е во прекин заради излеана вода на коловозот.
Рег.патен правец Крушево-Пуста Река не е прооден заради снежна покривка и на него од страна на Македонија пат ќе се интервенира во текот на денот, бидејќи е со трет приоритет на важност и презафатеност на механизацијата.
Во прекин на водоснабдувањето се селата Бучин, Пресил, Милошево, Светомитрани иВрбоец каде што подземните води во изворите се покачени и водата е заматена, а исто така и нема струја за пумпање на пумпите за вода. Екипа на ЈП ,,Комуна,, е упатена на терен за санирање на состојбата, но сето тоа е поврзано со отстранувањето на дефектите од страна на ЕВН.
Без електрична енергија се с.Алданци, Норово, Врбоец, Селце, Светомитрани, Саждево, Бучин, Милошево, Јакреново, Белушино, Борино. На отстранување на дефектот екипа на ЕВН е на терен и се очекува во текот на денот дефектот да биде отстранет.
Заради паднати бандери и скинати жици кај Ново Село Д.Хисарско има прекин во електроснабдувањето на с.Арилево, Долно Дивјаци, Горно Дивјаци и Пуста Река. Екипа на ЕВН моментално работи на отстранување на дефект кај водоводот на Демир Хисар, а потоа ќе се интервенира на дефектот кај Ново Село.
Мобилна екипа ,,Рурален доктор“ упатена е на терен во селските населени места заради помош на месното население.
Во општина Демир Хисар, поплавени се земјоделски површини на потегот од Единаковцидо Бучин. Полека се повлекува водата од поплавените површини.
Од река Обедничица ( Стара река ) има излевање во нас. Мургаше во Демир Хисар поплавени се дворовите на десет објекти (куќи), се интервенира со поставување на вреќи со песок за да се заштитаат објектите. Водата полека се повлекува.
Во село Загориче ќе се интервенира со градежна машина во приватен објект куќа поради поплавување на дворот.
Има прелевање на вода на регионалниот патен правец Р-1305 Битола – Кичево кајс.Белче. Прелевање на вода преку Р 1305 Битола – Кичево има и кај фабрика Застава, пред Демир Хисар.
Прекин во снабдување со ел.енергија има во следните населени места Мренога, Вириово, Боишта, Церово, Големо Илино, Мало Илино, Железнец, Велмевци, Доленци, Брезово, Зашле,Радово, Гераиште, Вардино, Бараково, Единакцовци, Света, Суводол, Кутретино, нас. Мургашево, Смилево.
Нема снабдување со вода населените места кои се снабдуваат од градскиот водовод:Демир Хисар, Суводол, Кутретино и Слепче, поради немање на ел.напојување кај пумпните станици.
Во општина Ресен, без вода за пиење се селата кои се снабдуваат од пумпната станица вос.Царев Двор-18 села како и нас.Пролет во градското подрачје.
Поплавени подрачја во: с.Козјак, с.Д.Бела Црква, Г.Бела Црква, с.Езерени, с.Покрвеник, с.Прељубје, с.Дрмени, с.Сопотско, Царев Двор, Грнчари во градското подрачјеул,,Славејко Арсов“
Поради дефект на далеководите без електрична енергија се дел од селата на подегот од Ресен до с.Стење и на потегот од Ресен дос.Долно Дупени со исклучок на неколку села. Централното градско подрачје е приклучено само со 1 фаза.