Балканот ќе гори се до ноември, во Македонија ќе биде нестабилно со надпросечна количина врнежи. По пеколно топлото лето во поголемиот дел од средна и источна Европа, есента нема да донесе освежување, тврди Алан Реперт од глобалниот метео сервис Accuweather.com.
Според него, невообичаено високите температури ќе се задржат се до ноември. Меѓу подрачјата што ќе бидат опфатени од ваквото „циганско лето“ ќе ги опфати земјите на Балканот, па кон север се до Украина, а на запад до Полска и источна Германија.
Силниот гребен од високиот притисок што ќе се задржи над источна Европа и Русија ќе го спречи надоаѓањето на циклоните, што ќе резултира со долготрајно топло и сушно време
Сушното лето во комбинација со сушната и топла есен ќе ја зголеми опасноста од шумски пожари и штетата над посевите, вели метеорологот на Тајлер Ројс.
Истовремено, нестабилно време се очекува на југот на Европа, со невреме во Португалија, Шпанија и јужна Франција, а во текот на есента и во Италија и на југот на Балканот. Метеорологот Алан Реперт очекува надпросечна количина врнежи во тие краеви. Тоа ќе ја зголеми опасноста од поплави на Апенинскиот полуостров, на подрачјето на Динаридите па се јужните делови на Алпите, со други зборови во Италија, Албанија, Косово, Македонија, Грција, Бугарија, БиХ, но и Хрватска.
NetPress.mk