Најново од Белград: Во Скопје се враќа само конзуларното одделение


Вработените во Амбасадата на Србија во Македонија кои се занимаваат со конзуларни работи, ќе се вратат во Скопје следната недела, а до тогаш оние кои имаат потреба од конзуларна помош да се јават во српското МНР на телефонот 011/306-8268 или на мејлот:[email protected].

Во соопштението на МНР се вели дека сите граѓани на Србија, на кои им е потребна конзуларна помош и заштита во Македонија, во овој период може да се обратат во МНР, одделение за конзуларни работи, телефонски на бројот 011/306-8268 или по писмен пат на мејлот: о[email protected]

Целата конзуларна помош и заштита останува достапна на сите граѓани на Србија и покрај новонастанатите околности. Следната недела вработените во Амбасадата вршат конзуларни работи, ќе се вратат на служба во Скопје, соопшти српското МНР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1