Жена бомбаш се разнела во париското предградие Сант Дени за време на полициската акција која од утрово се спроведува во француската престолнина. Според најновите информации од француските медиуми, убиени се тројца а ранети се 5 полицајци.
Според досегашните информации, полицијата успеала да уапси три лица чиј идентитет се уште не е познат.
На лице место има многу полиција и возила на Брза помош.
На жителите од тој дел на градот им е препорачано да останат во домовите и да се засолнат од прозорите. Дел од нив се евакуирани.
Полицијата се сомнева дека групата се состои од двајца или тројца терористи кои се забарикадарани во еден стан. Меѓу терористите се претпоставува дека е мозокот на нападите од Париз, Абделхамид Абауд.
Прво околу 8 часот беше соопштено дека операцијата е завршена по серијата на експлозиии околу 7:30, но веќе во 9 часот информациите говорат дека операцијата се уште е во тек.
Засега, јавниот обвинител ја потврди смртта само на еден маж и една жена, која се саморазнесе околу 4 часот на почетокот на акцијата. Претходните информации за смртта на уште едно лице не се потврдени.
Истовремено, се јавува дека три други лица кои биле во станот во центарот на Сен Дени, се уапсени, а две други лица се приведени во близината на апартманот.
Француските медиуми јавуваат дека во акцијата има ранети припадници на силите на редот, но оваа вест засега не е официјално потврдена.
Во меѓу време. француската армија соопшти дека нејзините авиони продолжуваат со нападите врз позициите на џихадистичката група Исламската држава во Сирија.