Најплатени компјутерските програмери, најмалку платени вработените во кожарската индустрија


Просечната плата во компјутерското програмирање е највисоката што ја регистирал државниот завод за стататистика во февруари. Програмерите во тој месец имале просечна плата од 49 180 денари.

Статистиката евидентира просечни месечни примања над 40 илјади денари и во складирањето и помошни дејности во превозот, производството на фармацевстки производи, во правните и сметководствените, како и во финансиско-услужните дејности.broenje denari pari mk

Најниска просечна плата се исплаќа во производството на кожа, 11 799 денари, а потоа следат производство на облека, одржувањето на згради и животната средина, производство на мебел.

Синдикатот смета дека има простор за покачување на минималната плата во земјата за 20%, а рабодовачите изразија подготовеност да го разгледаат предлогот. Сепак и двете страни изјавија дека е потребно да се формира влада за да отпочнат дискусија.

(СТЕНД АП) Според податоците на ДЗС, просечната плата во Македонија во февруари се зголемила за 2,4% и изнесува 22 347 денари.

Зголемувањето се должи на порастот на платите во дејностите транспорт и складирање за 11,9%, информации и комуникации за 6% и рударството за 4,9%.

Намалување на просечната нето-плата има кај снабдување со електрична енергија за 8,1%, и во трговијата за 7,3%.

Во февруари, 1.3% од вработените не примиле плата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1