Најромантичен филм на светот – избран Love Actually


Филмот„Love Actually”  „Љубов, всушност“ на Ричард Kертис е прогласен за најромантично остварување на сите времиња според анкетата што ја спроведе интернет-страницата „Лавфилм“.

313423_poster_ffВо филмот, во кој се преплетуваат неколку љубовни приказни, играат Хју Грант, Ема Томпсон, Лијам Нисон, Kолин Фирт, Алан Рикман, Kира Најтли и Бил Нај.

За потребите на анкетата биле проучувани невролошките реакции на двојките на сцените прикажани на големото платно, при што било утврдено дека приказната на Kертис предизвикува најсилни реакции.

– Ако гледате романтичен филм во пар, адреналинот предизвикан од филмот по грешка ќе го поврзете со присуството на партнерот. Во вакви случаи двојките почесто се допираат, гушкаат и се бакнуваат отколку оние што гледаат помалку емотивен филм – изјави невропсихијатарот Дејвид Луис од „Мајндлаб интернешнл“, кој ги анализира реакциите.

На второто место од листата е филмот „Страници за нашата љубов“ (The Notebook) на Ник Kасаветес, со Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс во главните улоги, а трет е анимираниот филм „Воли“(Wall-E). Меѓу првите десет се најдоа и насловите „Нотинг Хил“, „Валкан танц“, „Дух“, „Убава жена“, „Титаник“, „Џери Мегваер“ и „Kазабланка“.

Сепак мора да додадеме дека според некои читатели кои оставиле свои коментари филмот кој е избран за најромантичен е добат но не до толку за да избие на прво место како најромантичен на сите времиња. Еве ја листата на 10 најромантични според ова истражување.

Top 10:
1. Love Actually
2. The Notebook
3. Wall-E
4. Notting Hill
5. Dirty Dancing
6. Ghost
7. Pretty Woman
8. Titanic
9. Jerry Maguire
10. Casablanca

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1