Претседателот на Уругвај, 77 годишниот Хосе Мухика, е најсиромашниот претседател кој води најобичен живот. Вози стара буба и често знае да засука ракави и да им помага на соседите во домаќински работи.
За да им помогне на граѓаните и економијата тој се откажал од 90 насто од платата, и за себе зема само 10 насто. Од 12.500 долари, зема само 1.250 долари, вели толку му се доста за животни трошоци.
Неговата жена е сенатор и исто како и својот маж и таа дава дел од својата плата. Живеат на село, во скромна куќа, имаат животни. Одбиваат да живеат во претседателската палата.
Освен што не живее таму тој наредил минатата зима палата која изобилува со раскош да им се отвори на бездомниците, кои немаат каде да презимат, како би ја преживеале студената зима.
Претседателот нема банкарска сметка, нема заштеди но нема ниту долгови. Вистински пример за своите поданици чија почит ја ужива. Уругвај е на листата најмалку корумпирани држави во светот.