Најславната песна за Палестина е од Македонец (Видео)


Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

palestina manojlov– Импресиониран од страдањата на Палестинците при трагичните масакри во бегалските логори Сабра и Шатила, Манојлов ја испеа песната Палестина, но не знаел до скоро дека истата ја превел тогашниот студент по социологија во Скопје Абас Абделакрим.

– Тој не само што ја превел но и ја објавил во тиражниот весник “Ел Талија” во Кувајт и од тогаш таа е преобјавувана во многу арапски весници, списанија, антологии и станала општопозната во арапската култура.

– Август 2006 год. во радиото Монте Крало, во емисијата за арапски јазик, оваа песна е прогласена за најубава странска песна посветена на Палестина.

– Некогашниот студент денес Магистер по социологија, по 25 години го пронашол Манојлов, авторот на песната и во трогателната средба го запозна Манојлов дека за него сакаат да знаат милиони луѓе на Палестина, Сирија, Јордан, Либија и други Арапски држави

– Тој извести дека Манијлов го барале и Омар Ектеш, главен и одговорен уредник на весникот Ел Хадах од Дамаск кој два пати доаѓал во Македонија како и Професорот Абдел Гани од Мароко.

20-01-Pande_Manojlov– Манојлов воопшто и не знаел дека неговата песна доживеала таква популарност кај целиот Арапски свет уште помалку пак дека е така баран. Тој кажува дека ја испеал под импресии од страдањата на Палестинците – бегалци кога логорите Сабра и Шатила се срамнија со земјата при што настрадаа голем број жени и деца. Но и самиот е од Егејска Македонија и неговите се бегалци, па добро знае што значи страдање.

Ја објавив песната, тагувајќи за Палестина и Палестинците, притоа споделувајќи ја нивната судбина со онаа на моите претци доселени во селото Породин од егeјскиот дел на Македонија. Знаев дека со објавувањето на песната, со нејзиното oбзнанување не е повеќе моја, не е дел од листовите од моите тетратки полни со песни, туку дека е и на други, дека ќе се најде некој кој ќе ја прочита.

Но, не сонував, ниту на крај памет ми паѓаше како на поетот, кој, ете, живее во Битола, во провинција, дека таа песна ќе стигне до Палестина, дека ќе биде препеана на арапски јазик во многу арапски држави, објавена во повеќе антологии и отпечатена во 28 весници и најново, во август 2006 година рецитирана на Радио Монте Карло во емисија на арапски јазик со напомена дека е една од најубавите песни посветени на Палестина, и, речиси толку популарна како да станува збор за химна на еден народ.

Меѓу другите во песната беа и овие стихови:

ПАЛЕСТИНА ОТКОРНАТА ОД ДУШАТА
 
„Додека јаваме на одмаздата
 
Елен си игра со исушен папрат
 
Додека јаваме на одмаздата
 
Во тишината на пустината
 
Опстојува коренот
 
Во тишината на пустината
 
Како одвлечена вода
 
Смртта кон изгрев не носи
 
Како одвлечена вода”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1