Секој беше во својот дом со најблиските за Бадниковата вечера и кршењето на лепчето со паричка. Откако завршија со вечерата и поделбата на лепчето, најсреќните веднаш се пофалија на Фејсбук со фотографија на која ја имаат паричката во раце.
Меѓу оние што обичајот и традицијата им нагласија повеќе среќа во Новата 2017 година, се и некои од познатите македонски личности.
Честитки за здравје, среќа, радост, успех… се редеа кај: Стефан од „Некст Тајм“, водителката Елена Стефановска, водителот Ване Маркоски и пејачката Викторија Лоба…