Највалканите работи кои ги допирате на пат кон работа
Јавен превоз
Некои градови имаат добар јавен превоз некои полош, но, едно им е заедничко – сите возила на јавниот превоз се плодно тло за развој на најразлични видови на бактерии. Само размислете за бројот на луѓето кои секојдневно минуваат низ автобусите, трамваите или возовите. Секоја личност ќе се фати за рачките, места кои што се највалкани во јавниот превоз. Експертите предупредуваат дека ниту седиштата не се подобри. На нив често може да се најдат траги од фекалии.
Тоалетите во авионите
Доколку работата подразбира често патување со авион, можеби треба да размислите двапати пред да влезете во тоалет. Поради неверојатно малото растојание меѓу ВЦ школката и лабавото, сместени еден крај друг, нешто поради што тоалетите се претворуваат како вистинска „фарма“ за бактерии.
Парите
На парите се пронајдени траги од фекалии и стафилококи, а во ништо подобра состојба не се ниту копчињата од банкоматите. Највалканата книжна пара е пронајдена во САД, на која се утврдени дури 135,000 видови на бактерии. Во државите како Австралија, Мексико и Нов Зеланд, парите се направени од полимер или се обложени со материјал кој наликува на пластика. Поради тоа на нив се наоѓаат значително помал број на бактерии – по само 10 по квадратен сантиметар.
Копчињата на тастатурата
Ниту кога ќе дојдете на работа не сте заштитени од нападите од бактериите, особено ако вашиот компјутер, телефон или фотокопир го делите со вашите колеги. Статистиките се застрашувачки – на просечно работно место се наоѓаат двојно повеќе бактерии отколку на ВЦ школката. Обидете се да ја свртите тастатурата наопаку и да ја истресете. Ќе се изненадите што се ќе испадне од неа.
Луѓето
Да не ги заборавиме да ги споменеме изворот на сите бактерии и бацили кои што можеме да ги прифатиме од страна на луѓето. Неодамнешната студија покажала дека само 49% од луѓето ги мијат рацете по одењето во ВЦ.