Намален бројот на родени, умрени и венчани


Во второто тримесечје од 2016 година во Македонија се евидентирани 5.559 живородени деца, што е за 2,8 отсто помалу од истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.maticno nevestamaticn

Намалување од 1,6 отсто е забалежано и во бројот на умрените лица во второто тримесечје и изнесува 4.777, а од нив 55 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 782 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Во вториот квартал од годинава биле склучени 3.194 бракови, што е за 14,6 отсто помалку од лани. Во овој квартал се регистрирани и 279 разведени бракови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1