Намален бројот на жртви: Четворица не биле во кобниот лет


Колумбиски официјални лица соопштија дека конечната бројка на загинати во авионската несреќа кај Меделин е 71 лице. Со тоа бројот на настрадани е намален за четири бидејќи е утврдено дека толку патници не биле во кобниот лет.fudbaleriavion

„Најдено е 71 тело и шест луѓе се преживеани“, соопштија од колумбиската агенција за управување со несреќи (УНГРД).

Како што пренесува „АФП“, здружението на цивилно воздухопловство на Колумбија претходно истакна смртно настрадаа 75 луѓе, но истрагата и пребарувањето на местото на траггичниот настан покажа дека четири лица го пропуштиле леталото.

Авионот со 77 патници и членови на екипажот се урна пред слетување во Меделин. Во него беа фудбалерите на бразилскиот прволигаш Шапекоенсе кои патуваа на натпревар со Атлетико Национал во финалето на Копа Судамерикана. Покрај играчите, стручниот штаб, раководство на клубот и негови гости, меѓу патниците, според локални медиуми, имало и 21 новинар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1