Наместо членство, Франција нуди предлог за партнерство


Наместо полноправно членство во ЕУ – специјално балканско партнерство за Западен Балкан . Францускиот претседател Макрон започнал консултации со дел од балканските земји да прифатат опција за привилигирано партнерство, пренесуваат дел од српските медиуми. Иако Франција кажа категорично „Не“ за преговори, со новата понуда земјите би добиле европски пари и пристап до развиените пазари, ама во замена да се откажат од успешна европска приказна.

По критиките со кои се соочува Франција, и амбасадорот во земјава Кристијан Тимоние ги отвори картите на маса и го дообјасни претседателот, лажни биле ветувањата дека ќе има награда за Преспанскиот договор. Одговорноста за не добивање на датум не е само на Франција, туку и на оние земји кои ѝ ветувале на Македонија.

„Некои луѓе дадоа ветувања, а потоа ги префрлија на други да ги исполнат. Преспанскиот договор беше предуслов за да се расчисти патот, но потоа следуваа други услови. Тоа им беше пренесено и на нашите грчки и македонски соговорници. Таа перспектива беше загубена попат”, појасни Тимоние.

И пред десеттина години ваква слична понуда Германија и дала на Турција односно партнерство наместо членство, но тоа сега е сфатено како елегантен начин за откажување од примање на Турција во ЕУ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1