Почина детенцето – таткото парите од донации ги потрошил на дрога и проститутки


Почина двегодишно момче со ретка болест, откако наводно таткото ги потрошил сите пари од донанации за детето, на проститутки, пренесува „Метро“.

Џоа Мигел Алвес го изгуби животот на 17 октомври. Неговиот татко, 37-годишниот Матеус Хенрик Лерој Алвес бил пронајден во луксузен хотел каде што престојувал два месеца откако неговата сопруга го пријавила.

Тој ги потрошил парите за своето дете на скапа облека, часовници, дрога, сексуални работнички и алкохол.

Матеус и Карин Родригез побарале помош за нивниот син бидејќи им биле потребни 70.000 фунти за сметки за лек кој му помагал на момчето и ја спречувал болеста да се развие.

Властите во Бразил се согласиле да ги покријат трошоците за три третмани на момчето, кое ја добило првата доза од лекот во август.

Родителите добиле речиси 200.000 фунти откако во нивниот град бил одржан маратон.

Но, во мај Матеус одлучил да ги напушти сопругата и детето. Тој им кажал дека ќе оди да заработи како член на обезбедување. Парот чувал пари во банка за лекување на синот, а сопругата за прв пат се посомневала дека нешто не е во ред кога биле извадени пари од сметката.

Матеус тврди дека е жртва на изнуда. Истрагата е во тек.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1