Наместо на одмор заминале во смрт – ги убил пред врата во станот во Аеродром


Наместо на одмор во Грција, двете сестри во скпоски Аеродром заминаа во смрт. 36 годишниот Игор утрово дошол во станот на 34 годишната Наташа со која од порано се познавал.

ubistvo546Вратата ја отворила нејзината сестра Билјана. Игор веднаш станал агресивен. Со пиштол во рацете и рекол да не се помрднува. Притрчала и Наташа која ги пакувала куферите, за семејниот одмор. Во станот биле и децата. Игор и Наташа почнале да се расправаат.

Расправата траела кратко по што се слушнале истрели. Игор воопшто не влегол во станот.Се се случувало пред влезната врата.

Ги убил двете сестри и се самоубил. Децата сведочеле на страшната слика.

Игор пиштолот го поседувал со дозвола. Во 2004 година бил пријавен за загрозување со опасно оружје при тепачка. МВР се уште работи на случајот. Мотивите за убиството се уште не се утврдени.

Ова е боксерот што ги уби двете сестри во Аеродром

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1