Наместо песни и ора, на Собраискиот канал ќе се прикажува пропаганда за референдумот, објави „Плусинфо“ повикувајќи се на свои извори.
Ова ќе значи дека пратениците од мнозинството ќе го искористат Собранискиот канал за кампања за поддршка на референдумот во термините кога нема пленарни седници или снимки од комисиските расправи, оти Собранието е овластен предлагач на референдумот и организатор на кампањата.
Доколку овој оговор успее, Собранието преку својот канал пред сѐ ќе води информативна кампања за што помасовно да ги информира за придобивките од успешниот референдум.
На овој начин Собраниетo, односно парламентарното мнозинство речиси без пари ќе води кампања „за“ референдумот, наместо за пропаганда да плаќа на медиумите.